Неодамна веѓите станаа моден додаток. Се обликуваат во дрзок стил, се фарбаат во неонски бои, после пак ги пуштаат густи и темни, а во последно време и ги осветлуваат.ce11b535345636b786d2ce186ca7284d

Ги прифаќаме како главен инструмент, со кој ќе се изразиме себе. Меѓутоа, постојат многу работи кои остануваат скриени од нас – факти кои несомнено се интересни и ќе ни помогнат да ги погледнеме со други очи своите веѓи.

Ви претставуваме интересни факти околу “рамката на очите”, и даваме одговор на прашањето зошто не можеме да живееме без неа.

1. Веѓите ни помагаат да гледаме

Вистинската функција на нашите веѓи е да заштитуваат очите од водата кога врне или од потта, кога се потиме. Заоблената форма помага за насочување на течноста настрана од очите, наместо да влегува директно во нив.

2. Веѓите имаат многу влакна

Во просек човек има над 250 влакна на веѓите. Сепак, некои истражувања покажуваат дека влакненцата кои не растат, можат да стигнат вкупен број од 1100.

3. Веѓите имаат животен циклус

Просечниот животен век на влакната од веѓите е околу четири месеци. Тоа е времето кое е потребно да израснат, да паднат и да израснат нови на нивно место.

4. Тие се основа за препознавање на различните лица

Повеќето луѓе имаат проблем со препознавање на едно исто лице со и без веѓи. На овој начин се доаѓа до заклучок дека веѓите се исклучително значајни за препознавање на лице.

5. Веѓите изразуваат разлики во тонот

Веѓите ни помагаат да изразуваме различни емоции – кога висината на гласот е висока, веѓите се креваат. Истиот принцип работи и во обратна насока.

6. Веѓите ги прават луѓето специјални

Многу цицачи ги имаат веѓите и ги користат главно за да изразат емоции. Луѓето се единствениот вид, на кој влакненцата се директно на гола кожа – една еволутивно предност што го прави толкувањето на чувствата полесно.

7. Веѓите кажуваат повеќе за човекот, отколку што претпоставуваме

Се смета дека веѓите може да откријат многу за карактерот на човекот. Извиените форми се индикации за социјална ориентација, а аголните веѓи зборуваат за силно доминирање и психички контрола.

Слични содржини