Во врска со напливот на илегални мигранти во Македонија од Блискиот Исток и од Африка, Европската комисија реагираше преку писмена реакција. Европската комисија потсетува дека може финансиски да ѝ се помогне на Македонија во овој поглед.
мигранти на воз

– Европската комисија ја финализира својата програма за менаџирање на мигрантската криза за Западниот Балкан и за Турција, која изнесува 8 милиони евра, а ќе почне да се спроведува во септември 2015 година. Програмата ќе се фокусира на три области: идентификација на мигрантите, споделување на интрарегионални и интеррегионални информации и на механизмите да за понудат решенија за враќање на мигрантите и истовремена примена на практична заштита на специфичните потреби на мигрантите. Комисијата работи, исто така, со Фронтекс, Меѓународната организација за миграции и се координира со високиот комесар за бегалци на Обединетите нации. Комисијата размислува како да даде поддршка преку фондовите, националните програми на ИПА, а се фокусира на капацитетите на заинтересираните земји во областа на азилот, миграцијата и визната политика, како и зајакнување на ранливите категории мигранти и жртвите на шверцот со луѓе. ПЈРМ може да ги користи овие програми – изјавија од Европската комисија за „Мета“.

Мета

Слични содржини