85.790 илјади граѓани се најдоа на листата на УЈП за присилна наплата на радиодифузна такса

од Vladimir Zorba

ujp-javen-povik

85.790 илјади граѓани се најдоа на листата на УЈП за присилна наплата на радиодифузна такса. Нивните имиња ќе бидат објавени во Службен весник, а три дена потоа Управата ќе почне со блокирање на банкарски сметки на должниците.

Вчера истече рокот во кој граѓаните со повеќе од три неплатени сметки требаше да ги подигнат решенијата за присилна наплата. Со ваквата мерка нема да се соочат само оние кои лично до УЈП доставиле документи за платени сметки./извор Телма

Слични содржини