abdulakim-ademi

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска изјави дека ќе може да се усогласи термин за средба со средношколците и дека тоа нема да зависи од тоа дали ќе ја бојкотираат наставата или нема. Тој воедно ги повика средношколците да се вратат на настава и да не користат вакви начини зашто не е добро ни за нив, ни за општеството, ни за државата.

На реакциите од Пленумот дека МОН е за нив недостапно, министерот посочи дека телефоните на сите институции се јавни, достапни и може во секој момент да побараат средба, а на прашањето како Средношколската унија успеала да договори средба со МОН, одговори – преку службите на Министерството.

Слични содржини