Хуманитарната мисија како еден од темелите врз кои „Алкалоид“ се развива и расте веќе 8 децении и годинава по петти пат ќе ја добие својата додадена вредност- традиционалниот хуманитарен пикник во чии рамки секој член на големото семејство остава свој личен придонес во воздигнувањето на најхуманите човекови вредности.

zivko-mukaetov-615x400
Вработените во „Алкалоид“ како и членовите на нивните семејства и пријатели, во текот на изминатава недела донираа средства во фондацијата Трајче Мукаетов, за што добија маичка- специјално дизајнирана за овој повод.
До денес семејството Алкалоидовци собра над 750.000 денари кои ќе бидат донирани во Црвениот крст на Македонија, затоа токму хуманата мисија е точка во која се преклопуваат агендите на Алкалоид и оваа глобална хуманитарна организација која 7 децении им помага на најранливите општествени слоеви, оние кои животот ги исфрлил на маргините на егзистенцијата.

Како што истакна Живко Мукаетов, овие пари се донираат најмногу поради актуелната состојба со мигрантите за што на Црвениот крст му се потребни средства за помошта која им ја дава на оние кои минуваат низ нашата земја.

Слични содржини