САД ќе даде уште 24 милиони долари помош за бегалците во Европа со цел да помогне при нивното згрижување во текот на зимата, најави американскиот државен секретар Џон Кери, во текот на посетата на Атина.

download (34)

Помошта ќе биде доставена до УНХЦР за храна, вода и сместување. Како што истакна државниот секретар на САД, Џон Кери, тоа на владите ќе им помогне да ги регистрираат и ги проверат бегалците кога ќе стигнуват во Европа.

Стотици илјади бегалци од Сирија и други земји пристигнаа оваа година во Грција преку морето.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија 2011 година, САД обезбедиле хуманитарна помош во вредност од 4,5 милијарди долари.

Слични содржини