Американски судија ја блокираше одлуката на Трамп за „ДАЦА“

од desk4

  Американски судија ја блокираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да прекине реализација на програмата со која се овозможува млади луѓе кои влегле незаконски во САД кога биле деца, да останат и работат и учат законски во државата.

Одлуката е на судијата Вилијам Алсап од Сан Франциско. Тој одлучи администрацијата да продолжи со применување на мерката „ДАЦА“  (Одложена акција за лица кои пристигнале како деца), со која се овозможува така наречените „сонувачи“ да останат во земјата  без страв дека ќе бидат депортирани.

Програмата ги заштитува од депортирање околу 800.000 луѓе и им дозволува да работат и учат во САД.  Таа беше воведена од Барак Обама во 2012 година.

Во септември, администрацијата на Трамп објави одлука со која се прекинува таа програма. Над 10 американски држави почнаа судски процес против тоа

Слични содржини