Организацијата за заштита на права „Амнести интернешнл“ ги обвини светските лидери дека осудуваат милиони бегалци на „неподнослива егзистенција“ и настојува тие да работат повеќе, за да ја разрешат „најлошата криза“ после Втората светска војна, пренесува АФП.

imigranti

Во извештајот на организацијата стои дека меѓународната јавност треба да преземе колективни напори за преселувањето на милионите мигранти во наредните четири години, како и да основа фонд за нивна поддршка.

„Мигрантската криза е еден од најголемите предизвици на 21 век, но одговорот на меѓународното општество е срамно разочарување“, изјави генералниот секретар на организацијата Салил Шети.

Слични содржини