Аневски за Зврлевски: Тој е перфектен јавен обинител

од desk3
Не сум размислувал  и никогаш не брзам при донесување на некакви заклучоци се додека изворно не го видам предлогот или тоа што е упатено. Државниот обвинител Марко Зврлевски по мое мислење беше перфектен обвинител. Јас немам никаква забелешка за неговата работа“, рече претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски за јавниот обвинител, за  кого веќе е иницирана постпака за разерешување поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата.
 
Советот на јавни обвинители на чие чело е Аневски  треба да даде мислење на Владата за работата на Зврлевски. Аневски вели дека предлогот се уште не бил стигнат до Советот. Советот носи одлуки како колективно тело и не може да се прејудицира како ќе гласаат членовите.
На денешната седница на Советот на која била разгледувана состојбата со недостатокот на обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција присуствуваше и Зврлевски кој е член по функција. Но и на почетокот и на крајот на седницата успешно ги избегна новинарските екипи кои го чекаа. Најпрво, неговото обезбедување буквално пред влезот го паркираше автомобилот попречувајќи ги снимателите да забележат кој ќе излезе, а на крајот на седницата автомобилот замина, но не и Зврлевски. Тој до сега се нема изјаснето ниту за барањето сам да се повлече ниту за постапката за негово разрешување.
Мислењето на Советот не е оbврзувачко, но мора да се почекаат максималните 30 дена за тој да се изјасни пред предлогот да биде пратен во Собрание. Аневски најави дека најверојатно ќе побараат и од Зврлевски да каже што мисли за предлогот за негово разрешување.

Слични содржини