Девет години по претставувањето на првиот iPhone Apple веќе има продадено над 1 милијарда примероци од различни генерации и верзии на мобилниот телефон. Милијардитиот iPhone е продаден минатата недела, соопшти извршниот директор на Apple Тим Кук.

zx450y250_2802283

“Минатата недела остваривме уште еден голем успех, го продадовме милијардитиот iPhone. Никогаш не сме имале за цел да имаме најмногу, но сакаме да ги имаме најдобрите производи. Благодарам на сите во Apple за нивната помош секој ден да го правиме светот поподобро место “, објави Кук.

Веста е особено позитивна во позадината на континуираната контракција на приходите на компанијата. Тоа е резултат на пад во продажбата на iPhone, кои за последниот квартал се 21% во однос на минатата година. При тоа, падот е помал од очекуваниот заради доброто претставување на iPhone SE, кој дебитираше оваа пролет.

“Првичните податоци покажуваат дека iPhone SE е популарен како во развиените, така и во пазарите во развој. Процентот на купувачи на iPhone SE, за кои тоа е нивниот прв iPhone воопшто, во првите недели е поголем во однос на кои и да било други модели кои сме ги пуштале во последните неколку години “, изјави уште Кук.

Се очекува iPhone 7 да биде претставен во септември годинава Новиот модел најверојатно нема да има особени визуелни разлики во однос на iPhone 6s, а главен фокус на новиот телефон ќе биде подобрениот софтвер.

Слични содржини