Владата на синоќешната седница расправаше за пожарот во Македонски Брод и други локации во земјата, при што го задолжи Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи, во состав: Оливер Спасовски, министер за внатршни работи, Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Радмила Шекеринска, министер за одбрана, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Мила Царовска, министер за труд и социјална политика, Агрон Буџаку, претседател на ЦУК, како и претставници на АРМ, претставник од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, претставник од ЈП „Македонски шуми“ и УХМР, да донесат итни заклучоци и мерки за засилено дејствување на сите надлежни институции, како и единиците на локалната самоуправа во насока на справување со сите активни пожари на територијата на Република Македонија.

Донесена е одлука Министерството за внатрешни работи да го зголеми присуството на терен во сите засегнати подрачја, ЈП „Македонски шуми“ непрекинато да ја информира Дирекцијата за заштита и спасување за сите новонастанати состојби на терен и соодветно на развојот на настаните на терен, да продолжи континуирано гаснење и локализација на активните пожари, како и овозможување услови за дејствување на АРМ, која е активно вклучена на теренот.

Слични содржини