Западот „се стреми кон воспоставување хегемонија над Блискиот исток“, но Сирија, заедно со Русија, се спротивставува на овие обиди, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад на советување со сириските дипломатски претставници во Министерството за надворешни работи, пренесе ТАСС, повикувајќи се на сириската телевизија „Сурија“.
Според Асад, „сириската принципелна позиција за одбрана на националниот суверенитет е причина за војната што беше почната против земјата“.
Сирискиот претседател подвлече дека „Сиријците скапо платија за неуспехот на западниот заговор и муслиманските браќа, но цената на отпорот е помала од цената на капитулацијата“.
-Битката не е завршена, таа продолжува, и хуманитарните иницијативи, што сега се предлагаат имаат за цел да се постигне тоа што не успеаја терористите, додаде сирискиот претседател.