Евентуално излегување на Велика Британија од ЕУ може да предизвика исти такви акции и во други држави членки во Источна Европа, предупредува министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн во интервју за Тагесшпигел ам зонтаг.еу брит

– Не може да се исклучи веројатноста од евентуален брегзит да предизвика домино ефект во Источна Европа, вели министерот.

– Историска грешка беше премиерот Дејвид Камерон дури и да помисли да свика референдум за британското членство во ЕУ, нагласува тој.

Според него, дури и Британија да остане во ЕУ, „тоа нема да го реши проблемот со негативниот однос на Британците спрема Унијата“.

Во интервјуто тој додава дека понекогаш има чувство оти Камерон и шефот на владејачката Право и правда во Полска, Јарослав Качински имаат премолчен договор да се спротистават на европска интеграција

Слични содржини