Австриската армија ja анализира во моментов ситуацијата на границата на Македонија , за да ја поддржи во обезбедувањето на границата, соопшти виенскиот весник “Стандард”.

300414-bunt-migrantite-go-probija-policiskiot-kordon-vlegoa-vo-gevgelija
Австриското Министерство за одбрана интензивно работи на подготовка на извештај за поддршка на Македонија во бегалската криза. До средата петмина претставници на австриското Министерство беа во Македонија, потврди за весникот портпаролот на министерот Ханс Петер Доскоцил .

Делегацијата се запознала со ситуацијата на границата, а уште во почетокот на месецот Доскоцил му вети поддршка на македонскиот претседател Иванов. Австрија е подготвена да испрати војска, опрема и хуманитарна помош во Македонија.

Властите ќе одлучат што им е потребно, истакнаа во австриското Министерство. За Австрија испраќање на војска на македонската граница ќе одговара на Законот за учеството во меѓународни мисии, во кој се наведува дека единици и поединци можат да бидат упатени во странство за хуманитарна помош и помош по природна катастрофа.

Ако илјадници сириски бегалци се наоѓаат на границата со Македонија, тоа е хуманитарна вонредна состојба, истакнаа уште во министерство. Сепак одлуката за испраќање на војска на македонската граница ќе треба да биде одобрена од австрискиот парламент.

Слични содржини