Европските влади да не ги затвораат границите на земјите за бегалците, повикува генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун.

ban-ki-mun

Шефот на ОН со голема загриженост ги следи зголемените ограничувања кон мигрантите во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Австрија.

“Овие ограничувања не одговараат на Конвенцијата за бегалците од 1951 година и Протоколот од 1967 година”, вели уште Бан Ки-Мун преку својот портпарол.

Тој нагласува дека го “разбира притисокот кој се чувствува од многу европски земји, но ги охрабрува да ги задржат своите граници отворени и да дејствуваат во духот на споделена одговорност и солидарност, вклучувајќи проширување на законските начини бегалците да бараат азил”.

Слични содржини