Израел почна да гради објекти против навлегување на луѓе на негова територија од исток, соопшти премиерот Бенјамин Нетанјаху на неделната владина седница.

Benjamin Netanyahu– Денес почнуваме со изградба на оградата од источната граница. Колку што е можно побрзо ќе се изгради ограда за безбедност и зони со гранични пречки крај сите наши граници, што ќе ни овозможи да ги контролираме. Нема да дозволиме Израел да биде преплавен од илегални емигранти и терористи, изјави Нетанјаху.
Според премиерот во првата фаза оградата ќе биде изградена на делот помеѓу Тимна и Еилат – туристичкиот град во јужниот дел на Израел на брегот на заливот Акаба. Тој информирал дека потоа таа ќе стигне дури до Голандската Висорамнина, каде што ќе се соедини со веќе изградените таму сигурносни прекугранични објекти.
– Израел е многу мала земја. Затоа ние сме должни да ги контролираме нашите граници, како и да се заштитиме од пенетрација на илегални мигранти и терористи, истакна Нетанјаху.

Тој потсети дека еврејската држава веќе подигнала куќишта на границата со Египет.
– Го направивме тоа на нашата граница на Синајскиот Полуостров и го избегнавме продорот на мигрантите, рече тој.

Слични содржини