Берел јаболка во двор, паднал и починал

од desk2

Осумдесет и седумгодишен скопјанец починал по пад на дрво на кое берел јаболка. Како што информираат од полицијата, повредениот К.М. од Скопје вчера околу 15 часот бил донесен во Ургентниот центар.

Поради тешките повреди, 87-годишниот маж им подлегнал на тешките повреди синоќа еден час по полноќ. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Слични содржини