Одличниот резултат на националистичката Алтернатива за Германија (АФД)   која освои над  13% од гласовите на изборите во главниот град Берлин ќе предизвика промена во покраинската влада.angela-merkel

Наместо коалицијата меѓу Социјалдемократите (СПД) и Христијанските – Демократи (ЦДУ) кои го водеа Берлин во последните 5 години во иднина СПД ќе мора да бара нови партнери , најверојатно меѓу „Левицата“ и „Зелените“ кои што освоија по околу 16  % од гласовите.
Во парламентот на Берлин (кој заедно со Бремен и Хамбург се единствени градови – покраини) влегуваат и „Слободните демократи“ (ФДП) и националистите од АФД кои што ќе имаат 22 од вкупно 149 пратенички места, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Значителен број на гласови освои и  „Партијата на пиратите“, околу 1,7 %, а сите останати партии околу 6,5 %.
За да формира стабилна влада старо новиот градоначалник Михаел Милер од СПД која освои 23 % од гласовите , мора да внесе уште најмалку две партии во новата влада.
Со оглед на тоа што заедно со ЦДУ имаат само 66 пратеници а потребни се 75 за мнозинство, во игра е коалцијата на СПД со „Зелените“ и „Левицата“ при што новата влада ќе има вкупно 89 пратенички места.
Втората варијанта која е помалку очекувана е коалиција на СПД  со ЦДУ и „Зелените“  при што би се дошло до стабилна покраинска влада со 92 пратенички места.
Без разлика на составот на новата влада на мултикултурниот  Берлин, и партиите и аналитичарите подемот на АФД, која засега влезе во 10 од 16 германски покраински парламенти, се смета за опасност  за германската политичка стабилност и враќање на национал – социјализмот.

Слични содржини