Бијонсе сподели фотографии од забавата пред раѓањето на близнаците

од Vladimir Zorba

Бијонсе направи забава пред раѓањето на близнаците, на која ги покани своите најблиски пријатели.

Така ѕвездата ја испочитува традицијата, според која идните мајки, кои се наоѓаат во последниот месец од бременоста, договараат собирање во чест на идното бебе.

На нив гостите носат дарови за децата. Настанот беше крстен Carter Push Party и се одржа во Беверли Хилс.

Во социјалните мрежи се појавија фотографии на Тина Ноулс и други личности кои присуствуваа на свеченоста.

Тука била и бремената Серена Вилијамс, телевизиската водителка Лала Ентони, американската пејачка и актерка Кели Роуланд и други.

Фото: Instagram

И ако додека беше бремена со ќерката Блу Ајви, Бијонсе чуваше дискреција, тогаш со очекувањето на близнаците, пејачката не престанува да се покажува на интернет и да се фали со пораснатиот стомак, а нејзините слики се претвораат во едни од најкоментираните во социјалните мрежи.

Фото: Instagram

Слични содржини