Билансот на загинатите во пожарот во Оукленд достигна 36 лица

од Vladimir Zorba

 

Билансот на загинатите во пожарот, кој зафати едно складиште во Оукленд во Калифорнија, се зголеми на 36 лица, а пожарникарите ја прекинаа натамошната потрага, бидејќи постои опасност објектот да се урне.438947-devet-lica-zaginaa-25-se-vodat-kako-ischeznati-vo-pozhar-vo-ouklend

Помошникот на шерифот на округот Аламеда, Тија Модесет изјави дека се идентификувани 11 жртви. Повеќето од загинатите се на возраст меѓу 20 и 30 години, а најмладиот бил 17-годишно момче.

– Се уште не ја знаеме причината за пожарот, но апсолутно сме уверени дека бројот на жртвите ќе се зголеми, изјави шефот на противпожарната бригада, Терезе Делоуч Рид.

– За нашите пожарникари работата под нестабилни ѕидови, кои може да се урнат е крајно опасна. Во овој момент нашите пожарникари нема да ги изложуваме на опасност, додаде таа.

Рид претходно изјави дека неколку луѓе успеале да побегнат од складиштето, како и дека во моментот кога избувнал огнот, таму се наоѓале меѓу 50 и сто луѓе. Пожарот изби ноќта во петокот спроти саботата, половина час пред полноќ по локално време. Поради огнот се урна покривот, што ги отежнуваше напорите за извлекување на телата. Зградата немала систем за гаснење пожари.

Слични содржини