Филмот  “Бирдмен” грабна “Оскар” за најдобар филм. Претходно Алехандро Инериту грабна “Оскар” за своето производство во категоријата “најдобар режисер”,а  наградата муја врачи Бен Афлек. Во категоријата најдобар филм статуетката му ја врачи двократниот добитник на “Оскар” Шон Пен.

брдмен

Џулијан Мур грабна ” Оскар “за главна женска улога во филмот” Засекогаш  Алис “. Тоа е нејзината прва награда, иако беше номинирана за статуетката пет пати. “Читам во една статија дека добивањето на” Оскар ” го продолжува животот со 5 години. Ако е точно, сакам да и се заблагодарам на Академијата. Не постои такво нешто како најдобра улога, за мене е чест да бидам номинирана меѓу останатите актерки во категоријата … “Актерката ја посвети наградата на режисерот на ” Засекогаш Алис “, кој исто така страда од Алцхајмерова болест и повика да се инвестира повеќе средства во потрагата по лек за болеста. Еди Редмејн пак зеде “Оскар” за улогата на Стивен Хокинг во ” Теоријата на сè “. Тој  статуетката  ја посветува на сите луѓе кои се борат со тешки заболувања и на семејството на Хокинг.

Слични содржини