Демонстрантите од Битола денеска излегоа во најмасовен број на протестот на „Шарената револуција“, барајќи оставка на градоначалникот Владимир Талевски и поништување на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов,

4-860x680

Тие, плоштадот „Магнолија“ го преименуваа во плоштад „Шарена револуција“, а потоа упатија барање, по одлуката на Уставниот суд за сопирање на изборната кампања, следниот чекор да биде укинување на аболицијата и затвор за криминалците од врхушката на власт.

Поворката повторно се упати кон зградата на општина Битола, каде демонстрантите и вечерва беа особено инвентивни. Тие на влезот на општината, на железните барикади, поставија кукла со маска од градоначалникот и сапунче на вратот, порачувајќи му дека ќе заврши зад решетки.

Слични содржини