Средношколски пленум организира марш против лошите реформи во средното образование во вторник, 24 март, во 12 часот пред средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола.

Средношколскиот пленум има две барања – укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот модел на државна матура.

Оттаму велат дека излегуваат на марш затоа што тие барањеа беа игнорирани од Министерството за образование и наука!

– Затоа што откако со години го малтретираа, го убија средното образование! Затоа, да излеземе да го вратиме! Образованието е јавно добро и е коренот на општеството. Од него произлегува сè останато. Наша обврска и општествена одговорност е да се бориме за квалитетно образование. За нас, за нашето општество! Со квалитетот нема компромис, за квалитет не се преговара. Затоа, да маршираме во борбата за подобро образование и во борбата за подобро општество! Приклучете се – повикаа средношколците од Битола.

Слични содржини