Студентите од Техничкиот факултет во Битола синоќа ја поминаа првата вечер од окупацијата, но без парно, објави Радио МОФ.

 


Битолските студенти вчера создадоа автономна зона во знак на поддршка на нивните колеги од автономните зони на Филозофски/Филолошкиот факултет и Машински и ФЕИТ во Скопје.

Од Студентскиот пленум во Битола за МОФ рекле дека деканот им ослободил две простории – за кујна и за спиење.

– Вечерта ни го исклучија парното, а го пуштија утрото многу доцна затоа денеска има и по некој настинат – вели Борис Николевски, од битолскиот Студентски пленум за МОФ.

Николевски вели дека инсталацијата била преслаба за да ги вклучат греалките. Поради тоа побарале од деканот да се пушти парното за вечерва. Деканот им ветил дека ќе им даде четири простории бидејќи имало интерес и кај други студенти да преспијат на факултетот.

Слични содржини