Претседателот на меѓународната федерација по фудбал (ФИФА) Јозеф Сеп Блатер ја исклучи можноста веднаш да ја поднесе оставката, по повикот на Европскиот Парламент тој итно да ја напушти функцијата, пренесува АФП.

blater

Во четвртокот Европскиот Парламент одобри резолузија во врска со моменталната ситуација околу ФИФА, во која стои Блатер без одлагање да ја поднесе оставката.

„ФИФА е изненадена од резолуцијата на Европарламентот. Претседателот на ФИФА веќе реши да ја напушти престедателската функција на првиот нареден конгрес“, коментираат од фудбалската организација.

Слични содржини