Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев кој е во посета на Израел, треба да има средба со вториот човек на израелската разузнавачка агенција Мосад.

zaev-izrael

Заев треба да има средба и со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Силван Схалом. Заев денеска ќе се сретне и со министерот за инфраструктура, енергетика и води Јувал Стеиниц.

 

Инаку синоќа шефот на опозицијата имаше средби и разговори со бизнис заедницата на Израел на која се дискутираше за развивање на севкупните односи особено на економски план како и за можностите за идно инвестирање во Македонија.

Слични содржини