Борис Џонсон: Британија ќе направи сè што може за Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ

од Vladimir Zorba

Велика Британија ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Македонија на нејзиниот пат за влез во Европската Унија и во НАТО, истакнал шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во рамките на самитот за Западен Балкан во Трст, Италија.

Џонсон, кој ја претставувал британската премиерка Тереза Меј на самитот, нагласил дека Британија останува партнер на Балканот и активен поддржувач на демократските процеси, како и дека пријателството со Македонија е клучно за реализација на оваа важна цел, стои во соопштението на Владата.

Џонсон, се наведува во соопштението, изразил јасна и голема поддршка на новата влада на Македонија.

Заев на средбата се заблагодарил за „огромната поддршка од Велика Британија за Македонија“ и рекол дека „новата влада ќе ја оправда добиената доверба преку посветена работа на демократски развој на Македонија и на регионот“./Meта

Слични содржини