Бошко Ѓуровски, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, по вчерашниот триумф над Белорусија во квалификациите за ЕП  2016 година, го изрази своето незадоволство од прикажаното на неговите избраници.

images (63)
– Добро го отворивме натпреварот постигнувајќи брз гол што беше одлично за нас. Но, потоа од за мене неразбирливи причини паднавме од психолошки аспект, некако верувајќи дека работата е завршена. А, кога на психолошки ќе паднете, тешко е да се вратите во игра, и навлегувате од грешка во грешка. Белорусите заслужено победија, добивајќи не со дуел игра на средината од теренот, изјави македонскиот селектор Ѓуровски.
Според Бошко Ѓуровски потфрлил комплетниот тим, со исклучок на Хасани и Пачовски.
– Потфрлија сите, играјќи под своите можности, освен Хасани кој покажа како треба да се игра за Македонија, и Пачовски беше на ниво и покрај грешката при вториот гол. Но, кај останатите немаше самодоверба, немаше кој да ја земе топката и да одигра како што треба. Ние не сме селекција која има голем избор, можеме да им кажеме дека не сме задоволни од играта, но не може сите да ги промениме’, истакна Ѓуровски.
И по поразот селекторот најави дека Македонија оди понатаму со верба дека може да победи на гостувањата кај Луксембург и Белорусија.
– Мечевите со Луксембург и Белорусија се најтешки за Македонија. Со другите селекции играчите играат полесно. Ваквите мечеви се психолошки товар, кога сите чекаат да победиш. Со Шпанија, Украина е полесно. Се покажа дека против вакви селекции на наше ниво, ние имаме проблеми. Одиме понатаму. Пораз како пораз. Доаѓа во незгодно време. Ништо не е загубено. Зошто да не ја победиме Белорусија на гости? Зошто да не победиме со Луксембург таму?, заврши Ѓуровски.
Првата можност за корекција избраниците на селекторот Ѓуровски ќе ја имаат во понеделник, кога одново пред домашната публика на арената „Филип Втори’’ во Скопје, каде ќе одиграат натпревар, овојпат пријателски, против селекцијата на Австралија.
Мечот Македонија – Австралија во понеделник ќе се игра во терминот од 21 часот/MIA

Слични содржини