Британски пратеници побараа оставка на Тереза ​​Меј

од Vladimir Zorba

Барем 15 конзервативни пратеници потпишаа писмо за гласање недоверба на британскиот премиер Тереза ​​Меј, пренесува London Evening Standard.

Писмото на недоверба ги нема потребните 48 потписи, кои се бараат за предизвикување на лидерската трка. “Бројка се менува од ден на ден, во зависност од она што се случува, но има 15, кои се постојани во желбата за промена”, изјави поранешен министер.

Ова се случува откако Тереза ​​Меј ги предупреди ториевците дека нивното однесување може да доведе до евентуална победа за Лабуристичката партија и нивниот лидер Џереми Корбин.
Меѓу ториевците кои сакаат Тереза ​​Меј да се повлече, најпопуларен за лидерската позиција е преговарачкот за Брекзит Дејвид Дејвис.

Сепак повеќето конзервативци преферираат Тереза ​​Меј да остане премиер. Втората најпопуларн личност која може да ја смени Меј, е министерот за надворешни работи, Борис Џонсон.

Слични содржини