Бродови со илјадници сириски бегалци од егејските острови се закотвија денеска во пристаништата на Солун и Кавала. Од таму повеќето имигранти ќе тргнат кон Западна Европа преку Балканскиот пат низ Македонија и Србија. 20150819.tzzvzecgdl

Бродот “Елефтериос Венизелос” со 1.700 идентификувани бегалци од Сирија тргна утринава од островот Кос за Солун. Оттаму мигрантите ќе бидат само на час со автобус до Македонија, од каде минува Балканскиот пат кон Унгарија и останатите централно-европски земји.

Од островот Лезбос пак, на кој се регистрирани 8500 бегалци, отпатувале 1.500 лица, соопшти БТА. Тие се очекува да пристигнат на пристаништето во Кавала.

Според информација на грчкото Министерство за здравство сите мигранти сакаат да го продолжат своето патување на запад. Во меѓувреме, грчката влада донесе одлука да биде формирана нова служба за управување со европските програми за мигрантите, која ќе се занимава со искористување на средства од Европската унија за решавање на миграцискиот проблем. Во службата се очекува да се предвиди за Грција вонредно финансирање во вредност од 2 милиони и 700 илјади евра од Европската комисија и 30 милиони евра од вкупно 470 милиони евра, наменети за реализација на грчкиот план за справување со миграцијата до 2020 година.

Слични содржини