Во трката по егзистенцијата ја ситниме секоја секунда која ја имаме на располагање. Така планирајќи да стигнеме на неколку места во текот на денот, забораваме на домашните обврски. Но, дома секогаш мора да бидат сити и среќни. Затоа ако се вбројувате во групата “кариеристки”, задолжително имајте го предвид овој брз ручек.

1 кг компириkompirkofteee

150 грама шунка

3 жолчки од јајце

3 лажици нишесте

Масло за пржење

Сецкан магдонос

Сецкани оревчиња

Откако ќе го сварите компирот направете пире. Шунката исецкајте ја на ситни коцкици и малку запржете ја.  Во оладениот компир додадете ги сецканите парчиња шунка , жолчките и ставете зачини.  Додадете од нишестето за да добиете мека смеса  и обликувајте ги парчињата во форма на мали ќофтиња.

Потоа испржете ги ќофтињата, по околу 3 минути од двете страни.  Откако ќе добијат златно-румена боја ставете ги во хартија за да впие непотребната маснотија.

Откако ќе го завршите и тој процес, може да дополните со тартар сос, павлака или некоја салата.

Добар апетит.

 

Слични содржини