На подрачјето на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле 12 сообраќајки од кои во пет учесниците во сообраќајот се здобиле со полесни повреди. Повредени се тројца возачи на патничко возило, двајца сопатници и двајца пешаци.

сообраќајка1

Во седум сообраќајки причинета е материјална штета.Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 34 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 24 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на возењето, 15 возачи кои возеле под дејство на алкохол и 12 пешаци кои поминале надвор обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 72 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во сабота со почеток во 11 часот и 30 минути е најавен мирен протест на група граѓани пред зградата на МРТВ на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Григор Приличев“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Слични содржини