Европското општество распукува на Истокот: бугарската полиција откажува да се бори со приливот на мигранти, пишува германскиот весник „Ханделсблат“. Со протестите од последните неколку денови припадниците на безбедносните служби на категоричен начин го откажаа обезбедувањето на бугарско-турската граница, од која влегуваат нелегалните мигранти. granica

Од Националниот полициски синдикат велат дека причините се лошите работни услови и долгото отсуство од домовите на полицајците, кои патролираат на границата. Полицајските екипи се испраќани во пограничните региони во поддршка на цариниците, кои не можат да се справат сами со обезбедувањето на надворешната граница на Европска Унија, преку која транзитираат мигрантите, кои сакаат да се населат на територијата на Унијата.

Слични содржини