Неурамнотежената исхрана, стресот и загадувањето ги зголемија за 200% случаите на акни кај возрасните, покажуваат официјалните податоци.Fast-Food-Diet

Проблемот со кожата обично се поврзува со хормоналните промени кај тинејџерите, но современиот живот се одразува врз телото и ги зголемува случаите на акни кај постарите луѓе.

Истражување на 92 приватни дерматолошки клиники покажа зголемување со 214 отсто на случаите на проблематичната кожа кај зрелите луѓе. Од акни страда секој трет над 35 години, покажуваат податоците од истражувањето. 9% од пациентите кои побарале стручна помош, се над 55 години.

Клиниките известуваат и за 152% зголемување на луѓе кои сакаат да ги отстранат дамките и лузните, кои им останале по лицето од тинејџерските години.

Повеќе од еден од четворица (27 отсто) од дерматолозите кои учествуваат во истражувањето, велат дека стресот, комбиниран со хормоните, е главната причина за акните кај возрасните.

Слични содржини