Червар го скрати списокот на 21 ракометар

од desk3

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Лино Червар, денеска го објави скратениот список на ракометари што ги повика за квалификациските натпревари против Украина и Чешка за пласман на Европското првенство во Хрватска 2018 година.

lino-cervar-metalurg-kil-624x456

Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи во хотелот Парк СПА во Скопје на 30 октомври 2016 (недела) со почеток од 16:30 часот.

Червар за првиот собир повика 21 ракометар: Борко Ристовски, Мартин Томовски, Златко Даскаловски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Аце Јоновски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Велко Марковски, Мартин Поповски, Иван Тасевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски и Ристо Арнаудовски.

Првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2018 Македонија ќе го одигра на 2 ноември во Скопје против Украина, додека на 5 ноември и гостува на селекцијата на Чешка.

Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд./МИА

Слични содржини