Американскиот лингвист и филозоф Ноам Чомски смета дека јакнењето на десницата и ставовите против естаблишментот, како резултат на неуспешната неолиберална политика во Европа, веројатно ќе предизвикаат крах на Европската унија.

comski

Во интервју за „Раша тудеј“ тој вели дека кандидатката на десницата за претседател во Франција, Марин Ле Пен има големи шанси да победи на изборите во 2017 година и да покрене иницијатива за т.н. Фрегзит.

Чомски смета дека Германија не е таа која би покренала распад на ЕУ, бидејќи според него, таа има корист од Унијата.

– Кога Унијата би се распаднала тоа би бил трагичен развој на настаните, оценува тој.

Чомски објаснува дека неуспешната неолибарална политика на минатите генерации влијаела на толку голем пораст на популарноста на десничарските партии.

– Тие програми се осмислени на начин да предизвикаат стагнација, дури и пропаѓање на голем дел од населението. Исто така, тешко ја поткопаа демократијата и тоа е повидливо во Европа отколку во САД, вели Чомски.

eu_zname

Тој додава дека резултат од тие процеси е тоа што луѓето се гневни, разочарани, со загубени надежи и иднина. Во врска со европските интеграции, Чомски смета дека таа структура е практично нефункционална.

– Воведување единствена валута без соодветна политичка структура е рецепт за пропаст, вели тој, додавајќи дека „не постојат механизми што би овозможиле богатите сектори да им помагаат на сиромашните во тешки времиња во ЕУ“.

Чомски нагласува дека Трамп е „антиестаблишментски кандидат“, имајќи предвид дека за минстер за финансии одбрал човек кој доаѓа од банкарската групација „Голдман сакс“./MИА

Слични содржини