Тројца студенти синоќа биле повредени при судирите со припадници на Единицата за брзо распоредување, за време на блокадата на влезот од просториите на Студентскиот парламент, информираа од Студентски пленум.

Тие објавија фотографии од студенти со модрици по рацете, а на едната фотографија се гледа и крв на маицата на студент.

СПУКМ: Давор Поповски избран за нов лидер на студентите

Повеќе од шест часа студентите го чуваа влезот на СПУКМ, очекувајќи некој од неговите претставници да излезе и да објасни за исчезнатите гласачки кутии.

Слични содржини