Јавноста сепак не остана да биде информирана само од партиските и институциоланите соопштенија за средбите на политичкиот естаблишмент со Директорот на Директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон. Тој по средбите ијави дека има уште работа за подготовката на изборите.

kristijan-danielson

“Одложувањето на изборите даде уште малку време за напредок при подготовката на изборите. Има уште многу работа и на средбите им порачав на партиите и на државните институции да работат заедно за одржување на кредибилни избори и да земат учество во изборниот процес. Им порачав на политичарите да ја поддржат работата на ДИК во прочистувањето на ИС за да се врати довербата кај граѓаните.

Тачи: Потребно е да се исполнат сите услови за фер избори

Медиумите, особено националниот сервис играат клучна улога, а граѓаните треба да имаат пристап до балансирано известување и различноста на партиските идеи. Загрижени сме за опструкциите кои се прават на СЈО и бараме сите кои се согласија на воспоставување на ова обвинителство да се воздржат од напади и целосно да го поддржат СЈО“ посочи Даниелсон.
Високиот европски претставник е загржиен за информациите за заплашување на гласачи и поочи дека Пржинскиот договор треба да се имплементира не само пред изборите туку и по изборите.

Слични содржини