Дебатата во Лас Вегас е последна шанса на Трамп да ги предомисли избирачите

од Vladimir Zorba

zx450y250_2847156

Кандидатот за претседател на републиканците Доналд Трамп се соочува со огромен предизвик денес, бидејќи оваа вечер ќе се одржи последната телевизиска дебата со неговиот противник Хилари Клинтон и тоа е неговата последна шанса да ги промени ставовите на гласачите пред изборите на 8 ноември, пишува “Ројтерс”.

Прогонуван од обвиненијата за сексистички коментари кон жените во последните недели, Трамп ќе се обиде да го исчисти својот имиџ, и кога ќе се соочи со Клинтон на Универзитетот на Невада во Лас Вегас. Настанот ќе трае 90 минути, а форматот ќе биде исто како на првата дебата – 6 сегмента по 15 минути, посветени на одделни теми.
Водителот поставува прашање, Клинтон и Трамп имаат по 2 минути да одговорат, по што двајцата се впуштаат во спор, а водителот ќе го следи секој од нив да не добива повеќе време од другиот.

Модератор ќе биде Крис Валас од Fox News. Се очекува интересот за него да е традиционално многу помал отколку претходните два дуела.

“Оваа дебата е важна, ако Трамп сака да се врати во трката”, објаснува Чарли Блек, кој работел на неколку претседателски кампањи за републиканците. “Тој ќе мора да се соочи со проблемите, а не да ја крие главата во песок”.

Последната дебата е можност и за Клинтон да направи завршно излагање зошто таа е подобриот избор за претседател. Анкетите покажуваат дека поранешниот државен секретар добива поголема поддршка на национално ниво, како и во повеќето држави, гласовите од кои се очекува да го решат исходот од гласањето на 8 ноември.

“Тешко е да се замисли дека на оваа дебата може да се случи нешто да ги промени трендовите во трката”, објаснувааат од таборот за Демократската партија стратегот Стив Елмендорф. “Не можам да замислам каков позитивен потег може да преземе Трамп или каква огромна грешка треба да си дозволи Клинтон, за да ја промени траекторијата на трката”.

Кампањата беше обележана повеќе од борба на карактери, отколку во судир на политички програми. И двајцата кандидати влегуваат во дебата вечерва со нанесени рани по последните настани.

Целата претходна недела Трамп беше зафатен да објаснува дека не ги малтретира сексуално жените. За возврат Клинтон требаше да се соочи со јавното незадоволство покрај ракувањето и со нејзините тајни пораки во периодот кога беше државен секретар на САД (2009-2013 година)

Според експертите време е Клинтон да даде јасен одговор на оваа чувствителна тема и дебатата вечерва ќе обезбеди добра можност.

Според републиканците дебатата во Лас Вегас е последната можност на Трамп да докаже дека може да се однесува како претседател и да престане да гради настап главно на лични напади.

Хилари Клинтон, која веќе стекна популарна во традиционално републиканските држави како Аризона, размислува да се наврати таму во завршните три недели од кампањата.

Вишио советник на Клинтон Џенифер Палмиери им објасни на новинарите дека на последната дебата поранешниот државен секретар сака да се фокусира на политиката, која ќе води, ако биде избран.

“Ако Трамп повторно избере да се потпира на нападите, таа ќе биде подготвена да одговори на тоа – како што беше и во претходните две дебатата”.

Слични содржини