Грција денеска ќе направи “контрапредложениja” до меѓународните кредитори , откако претставниците на еврозоната изјавија дека разговараат за можноста за банкрот на Атина.

grcija6

Делегацијата на Грција оди во Брисел откако тимот на Меѓународниот монетарен фонд се врати во Вашингтон поради огромните разлики во предлозите на двете страни. Атина треба да постигне договор до 18 јуни, за да не банкротира, потсетува АФП. Европски политичари веќе разговараа  за таа и слични опции.

“За време на дискусиите (во Братислава) банкротот се споменува како еден од можните сценарија, ако сето тоа тргне наопаку”, изјави претставник од еврозоната, кој побарал анонимност. Друг официјален извор потврди дека членовите на еврозоната одлучиле да започнат да разговараат за последиците од неплаќање на Грција и што ќе следи од тоа.

Делегацијата беше предводена од вицепремиерот Јанис Драгасакис, и се верува дека таа ќе се сретне со претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер. До доцна синоќа  и не беше јасно дали претставниците на ММФ ќе присуствуваат, напиша. “Катимерини”

Крајниот рок за договор меѓу Атина и кредиторите е 18 јуни, кога во Луксембург се среќаваат министрите за финансии на ЕУ. Ако тој биде постигнат, парламентот ќе треба да ја ратификува до 30 јуни, кога Грција мора да плати 1,6 милијарди. Евра на ММФ.

Премиерот Ципрас веќе го  одложи плаќањето, што требаше да биде преведено минатата недела, и изјави дека земјата ќе ги исплати сите  придонеси кон ММФ за јуни на куп на крајот на месецот.

Слични содржини