Денеска жежок ден со температури над 30 степени

од Vladimir Zorba

Времето во Македонија денеска ќе биде многу топло, со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено во западните делови и на повисоките места и планините, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР).

Температурите во голем дел од земјата ќе надминат 30 Целзиусови степени, а најтопло се очекува да биде на крајниот југоисток на земјава, со 34 степени. Температури над 30 степени ќе има и во Повардарието, а во Скопје се очекува термометрите да забележат до 32 степени.

Регионот на Охридско Езеро го очекува температура до 27 степени, а најниски температури ќе бидат забележани во Мавровско-Реканскиот регион со најмногу 24 степени. Два степени повисока максимална температура се очекува во Малешевијата.

Слично време, но со малку пониски температури од денеска, се очекува и утре. Попладнето ќе има услови за краткотраен дожд, но само во планинските подрачја.

Од понеделник се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а в среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура, вели прогнозата на УХМР.

Слични содржини