Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска со писмо го извести претседателот на државата, Ѓорге Иванов, дека е формирано парламентарно мнозинство и дека е избран претседател на Собранието на Република Македонија, информираат од кабинетот на Џафери.

„Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, очекува дека претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ќе постапи според Уставот на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Инаку Џафери денеска е во официјална посета на Брисел, каде што ќе се сретне со комесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, со високата претставничка за надворешни работи и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, како и со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн./МЕТА

Слични содржини