Џејк Гиленхал притиснат да зборува за неговата врска со Тејлор Свифт

од Vladimir Zorba

Тримесечнaта романса меѓу Тејлор Свифт и Џејк Гиленхал беше во 2010 година, но очигледно уште буди интерес за гледање. За време на промоцијата на фантастичниот хорор “Life”, каде актерот игра заедно со Рајан Рејнолдс и Ребека Фергусон, на Гиленхал му се наложи да одговара и на неколку незгодни прашања.

За време на интервју со дописникот на Guardian тој објаснил дека се обидува да го држи личниот живот во сенка. “Тоа не значи дека секогаш ме чуваат, но сметам дека превенцијата е многу важна и не сметам дека секој мора да ги знае детали околу мене и моето семејство”.

Тоа сепак сосема не го запрело новинарот кој продолжил да го испрашува актерот за неговиот однос со Тејлор Свифт и за песните кои таа ги напиша по нивната фијаско врска.

“Оскар”-овецот тргнал да одговара: “Мислам дека во односите кога педантно почнуваат да те учат, да бидеме претпазливи со своите пријатели и …” и престана, почнувајќи да гледа интервјуерот во очите.

Следело уште понеповолно прашање – дали Џејк ги слушал песните на Свифт, кои можеби се напишани по средбите. “Би сакал да не зборуваме повеќе за мојот приватен живот, туку за филмот”.

Разговорот се осврнал и на спомени на актерот за средбата со Барак Обама. Гиленхал објаснил дека Обама му рекол дека преку работата им помага на луѓето да ги надминат личните тешкотии.

“Таква иронија е кога ги поучуваат актерите да не зборуваат за политика, а во исто време им поставуваат прашања за нивната приватност”.

Џејк и Тејлор беа заедно пред доста години. Се смета дека токму тој бил првиот човек во животот на пејачката. По разделбата се појави албумот на Тејлор – RED. “Разделбата  со Џејк го инспирираше секој збор од албумот RED”, откри пријателка на Свифт тогаш.

Слични содржини