Џенифер Анистон: Разводот на Бред и Анџелина е карма

од desk3

image_5774575_126
Актерката и поранешна сопруга на Бред Пит, Џенифер Анистон го смета разводот со Анџелина Џоли за карма, тврди “Дејли мејл”. Според близок до Анистон таа гледа на претстојниот развод како одмазда за тоа што пред 11 години актерот ја напушти поради Џоли. Тогаш двајцата се разведоа после 5-годишен брак. Во меѓувреме темата за разводот на ѕвездената двојка стана една од најпознатите коментирани теми во социјалната мрежа Твитер. Само неколку часа откако американските медиуми објавија дека двете филмски ѕвезди се разведуваат, клучните зборови “Анџелина Џоли” и “Бред Пит” собраа над 270 000 односно над 290 000 твитови, покажуваат податоците од платформата за мониторинг.

Слични содржини