Џорџ Клуни приготвил колосална сума за раѓањето на близнаците!

од Vladimir Zorba

Џорџ и Амал Клуни напорно се подготвуваат да станат родители. Двајцата очекуваат близнаци – момче и девојче. Ѕвездената двојка се зазела со голем поправка во нивниот британски дом. Актерот најмил и најдобрите лекари за својата жена, за кои приготвил околу 1,3 милиони долари.

Оваа сума е за резервации на цели на болничко крило, физиотерапевт од Италија и акушерки со медицинско образование, чии услуги ги користеле членови на кралското семејство.

Џорџ доста е загрижен за здравјето на жена си, затоа и бил подготвен да даде огромни суми за најдобрите лекари и најдобрите услови во кои ќе се појават неговите деца, пишува OK Magazine.

“Џорџ е загрижен дека породувањето може да е опасно за Амал – раскажува извор за весникот – но по долги разговори тие одлучиле да го остварат својот сон и да станат родители”.

Изданието додава дека пред време излегла и информации дека поради непријатности поврзани со бременоста на Амал, двајцата спијат во различни спални.

Слични содржини