Денешното рочиште за судскиот процес „Диво насеље“ е неизвесно дали воопшто ќе почне бидејќи во судската сала треба да бидат донесени ново обвинети кои беа дел од друг предмет. Обвинителството реши да ги спои во еден предмет, а се работи за група жители на населбата, кои се обвинети за помагање на обвинетите за тероризам.divo_naselje-sudenje-nova_0

Бидејќи се спојуваат два предмета, судскиот процес и покрај тоа што е стигнат до половина мора да почне од почеток, јавува Телма 

Тоа значи дека ново обвинетите, но и претходно обвинетите ќе се изјаснуваат за вина и сите сведоци сослушани досега ќе треба да бидат повторно повикани, вели истиот извор.

Сепак, судењето за предметот „Дива Населба“, кое започна пред повеќе од три месеци, денеска најверојатно ќе биде одложено поради немање услови за негово одржување.  Просторните проблеми на Кривичниот суд беа познати уште на почетокот на процесот откако Врховниот суд не ја отстапи големата сала, па рочиштата се одвиваа во судницата број еден во Основниот суд Скопје 1, која е несоодветна и која одвај ги собира обвинетите и адвокатите, додека, пак, новинарите преку видео  го следат судењето од судската библиотека.

Денес повторно се доведени во прашање условите за одржување на рочиштето откако неколку медиуми вчера објавија допис од претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, во кој таа повторно наведува дека нема да ја даде на користење големата сала која имала свечен карактер и не била технички опремена како судница, иако во минатото голем број процеси се одвивале токму таму.

Во предметот „ Диво Насеље“ 29 лица се обвинети за терористичко организирање и тероризам врзани за  кумановските настани. Поради безбедносни причини во деновите на судските процеси  во Кривичниот суд во Скопје, , се блокираат улиците, надлетуваат хеликоптери, а зградите во делот на Судската палата се под силно полициско обезбедување, и снајперско следење.

 

Слични содржини