Домашен лосион за здрава кожа

од Vladimir Zorba

Грижата за кожата е важна, ако сакаме таа да сјае и да нè тера да изгледаме помлади и витални. Ова може да се случи само со природни производи.
Козметичките средства за миење обично ја прават кожата сува и затегната. Дехидратацијата е главен фактор за забрзано стареење на кожата. Во прилог на тоа, може да се појави иритација, чешање, напукнување, црвенило, воспаленија.

Користењето на природни производи ги редуцира овие непријатни симптоми и навлажнува во длабочина.

Чистењето на лицето е важнп бидејќи е основен предуслов за здрава кожа. А и миењето е чин кој се прави секој ден, па затоа е важно да се прави со точните производи.

Нудиме еден здрав рецепт за домашно чистење со лосион со мед, авокадо и етерични масла за здрава кожа.
Состојки :
1/3 чаша мед
1/3 чаша кастилски сапун
3 лажици дестилирана вода
1 лажичка масло од авокадо
2-3 капки етерично масло од чајно дрво

Измешајте мед со кастилски сапун и дестилираната вода во длабок сад. Промешајте нежно, за да избегнете создавање на меури. Мешајте додека медот се раствори целосно.

Одделно измешајте ги маслото од авокадо со маслото од чајно дрво. Додадете ги кон смесата со медот. Измешајте добро и префрлете во шише со практичен диспензер, со помош на кој ќе ја испумпувате смесата за миење.

Нанесувајте на влажна кожа со масажни движења, додека се формира мека пена. По 1-2 минути триење исплакнете темелно со топла вода. Осигурете се дека сте ја отстраниле целата пена од лицето.

Слични содржини