Доналд Трамп ракетните проби на Северна Кореја ги оцени како “непочитување” спрема Кина

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп последната ракетна проба на Северна Кореја  ја одреди како манифестација на “непочитување” спрема Кина. “Северна Кореја не ги почитува желбите на Кина и на многоуважниот претседател преку лансирањето, иако неуспешно, на ракета денес. Тоа е  Лошо!”, Напиша Трамп на “Твитер” малку по пропаднатиот обид.

Локално.мк потсетува дека претходоно  Северна Кореја истрела тест балистичка ракета од област, која се наоѓа на југ од главниот град Пјонгјанг. Потоа јужнокорејските воени сили најавија дека пробата  била неуспешена.  Според нив ракетата експлодирала неколку секунди по нејзиното лансирање. Од Пацифик команда на САД, пак, потврдија подоцна дека “ракетата не ја напуштила територијата на Северна Кореја”.

Слични содржини