Во националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа се одржа поетска средба со поетеси членови на Друштвото на писателите на Македонија. Организатор на средбата беше Општина Кочани и Одделнието за општествени дејности.

На поетската средба свои стихови на тема „Човекољубието-пат кон вечноста“ читаа Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Оливера Доцевска и Делвина Крлуку од Друштвото на писателите на Македонија како и роднокрајните автори Љубинка Донева и Аника Илијеска Горгиева.

poetry

За Аника Илијеска Горгиева, роднокраен автор поетската вечер има за цел да го побуди човекољубието кај луѓето, во пресрет на големиот христијански празник Велигден.

– Поетската средба во Кочани за нас авторите од другите градови на Македонија е можност повеќе да настапиме и да ја презентираме нашата поезија. Верувам дека ваквите настани ќе станат традиција со можност членови на ДПМ да гостуваат во градовите низ Македонија, изјави поетесата Елена Пренџова.

Слични содржини