ДС бара ДУИ, Беса и АА да водат сметка за пошироките државни интереси

од Vladimir Zorba

Демократскиот сојуз смета дека парламентарните партии ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, не само декларативно туку и практично мораат да придонесат кон формирање на влада со силен демократски и реформски капацитет, како и тоа да водат сметка за пошироките државни интереси.

„Инсистирањето (уцените) на што е можно поголем број на министерски места во Владата и во извршната власт во целина, можно е да го наруши меѓуетничкиот баланс и да ги блокира промените неопходни за стабилизација на состојбите и воспоставување нов систем на вредности и владеење. Граѓаните се изморени и истоштени од предолгото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но нетрпеливи и натаму да живеат во неизвесност и од волјата на „кратковиди” политичари кои моменталниот распоред на силите во парламентот го користат за уцени“, велат од ДС.

Од партијата додаваат дека очекуваат да преовлада чувството на одговорност и потребата за коренити промени за кои гласале над 700 илјади граѓани.

Слични содржини